На подрачјето на шестте тетовски општини Центарот за јавно здравје од Тетово денес бележи 20 нови случаи со заболени со Ковид-19 што е драстична разлика од вчера кога немаше ниту еден.
И понатаму општина Тетово има најмногу позитивни.
-Општина Тетово денес има 12 нови случаи, во населените места на Општина Јегуновце 5, двајца во Општина Брвеница и еден во рамки на Боговиње, изјави д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски 36 добиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
А.С