Тетовската полиција бележи вкупно 9 лица кои не ја почитувале забраната за движење во перидот 3-4 април 2020 година. Од вкупниот број двајца се малолетници.
-Сите кои не ја почитувалe забраната за движење, лишени се од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ член 206 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.
СВР Тетово бележи дека во изминатото деноноќие на 3 лица од тетовскиот регион издадени им се решeнија за изолација, а нема нови лица кои потпишале изјави за самоизолација.
А.С