По дефектот и за време на замената на водоводните цевки минатата недела до денес навлегле околу 2,5 кубни метри песок, чакал и земја што овие два дена се отстранети од цевководот на улицата Цветан Димов, информираат работната единица Водовод и канализација при Јавното Комунално Претријатие „Тетово“ . Овие интервенции беа причини вчера и денес да има нови прекини во водоснабдуавњето кај голем дел од домаќинствата.
-Откако беше утврдено нема проток на водата и дека има затнување и блокирани цевки, вчера во 15 часот започнаа интервенции и прекини. Околу 19 часот се пушти системот во употреба но немаше доволно притисок за да има доволно вода кај сите домаќинства, објаснува Љуљзим Шаќири, раководител на водотехничката лабораторија во тетовскиот водовод.
Од утринава поради продолжување со отстранување на наносите од песок и земја повторно било прекинато водоснабдувањето кај 60 проценти од градот.
-Два и пол кубици песок се извдадени кај редукторот и заштитана мрежа што ја има цевководот на улицата Цветан Димов кај објектот на поранешното медицинско училиште. Тоа е извадено на потег од 60 метри. Се работеше до 14 часот, а од 16 часот веќе започна нормалното снабдување со вода, појаснува Шаќири
Според него системот сега е во добра кондиција.
-Со оглед дека има доволно доток на вода од природните извори за очекување е во текот на денот секаде да има нормално водоснабдување и достигнување на притисок од 4 бари во системот. Имаме интервентна екипа која работи на пријавите за појава на песок кај вентили и водомери. Мора да се има во предвид дека притисокот на вода во чешмите е зависен од повлекувањето на водата од оние кои имаат хидрофори и цистерни за складирање на вода, вели Шаќири.
Дотокот на вода во тетовската градска мрежа сега изнесува 400 литри во секунда.
А.С