Вчера (25 април ) околу 13 часот и 30 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко моторно возило „сеат алхамбра“ со тетовски регистарски ознаки управувано од А.С.(53) од тетовски Пирок удрило во 25-годишната С.И. од Тетово и 35-годишната И.О. од тетовско Сараќино (пешаци), информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Тие биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Тетово.