Две лица се полесно повредени во сообраќајка што се случи попладнево околу 16 часот на автопатот Тетово-Скопје, информираат од тетовската полиција.
– Сообраќајната незгода се случила на автопатот на неколку километри од наплатната рампа Желино, а во која учествувале две патнички возила „голф“ со скопски регистерски ознаки и „мерцедес“ со регистрации од Германија. При судирот се повредени две лица, сопатничка во „голфот“ и сопатник во „мерцедесот“. Повредените лица се однесени во клиничката болница во Тетово и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на сообраќајната незгода е извршен и увид од страна на полициски службеници.
А.С