Сообраќајна незгода во која се повредени пет лица беше причината за двочасовен застој на сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар. Околу седум часот се случила сообраќајката кај клучката за Камењане во која учествувале три возила Цитроен со скопски регистерски таблици, мерцедес со странски англиски таблици и рено меган со тетовски регистарски ознаки,информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.
-Поврдени се вкупно пет лица од кои три деца и две женски лица. Сите петмина се полесно повредени но се однесени во тетовската клиничка болница за да добијат лекарска помош. Поради сообраќајката извршен увид од страна на стручните служби на СВР Тетово и јавен обвинител што резултира со застој во сообраќајот на автопатот кон Гостивар. По два часа околу 9 часот сообраќајот е нормализиран, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Додека траел увидот дел од возилата сообраќајната полиција ги пренасочуваше да се движат кон алтернативниот пат кон Гостивар- регионална делница 1206 Tетово-Пирок.