Деветнаесетгодишната А.Д. од тетовско Јажинце, вчера (4 декември) во СВР Тетово пријавила дека околу 9 часот на паркингот во близина на тетовската клиничка болница била касната на левата нога од куче скитник, информира денес СВР Тетово.
Во вторникот 17 годишен ученик во тетовската гимназија беше нападато од куче, а случајот беше и снимен од минувач со мобилен телефон. Ученикот, кој беше каснат на левата нога, нападот го пријавил и во тетовската полиција.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните од тетовско-гостиварското подрачје доколку забележат лица кои со товарни или други возила од страна носат и истовараат, односно оставаат кучиња во Тетово, Гостивар или во други места, да се јават на телефонскиот број 192 и да ги пријават таквите случаи.