Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 од кои во тетовско има 2 случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од кои 10 се тетовски заболени.
Во тетовскиот регион веќе има 1000 дијагностицирани со Ковид-19 од кои активно болни сега се 270 лица.
Починати се 5 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Куманово, пациент од Прилеп и пациент од Штип.