Македонско Хрватско Друштво од Тетово соопшти дека денес почина Томо Каталиниќ, ракометар и ракометен тренер. Тој починал утрово на 73 години.
Томо Каталиниќ беше истакнат спортски работник, ракометар на РК „Шик Јелак“, тренер на РК „Шик Јелак“ (1978/1983), РК „Љуботен“ (1984/1989) и РК „Кромак“ (2016-2018), основач на ракометната школа на МХД Тетово (2013), основач на РК Кромак Тетово (2016) и ракометен судија во Прва македонска лига. Има завршено Виша педагошка школа.
Томо Каталиниќ беше заедно со нас од основањето на здружението и активен сè до последните денови. Беше и член на управниот одбор на МХД во неколку состави, меѓу кои и на актуелниот. Погребот е утре, 24.04.2020 година, во 12 часот на градските гробишта во Тетово, соопштија од МХД Тетово.