Денот на македонската револуционерна борба 23 октомври во Тетово се одбележа пред Споменикот на револуцијата. Беше интонирана химната, оддадена почит со минута молчење за сите кои ги дале животите за Македонија како и со положување цвеќе. За значењето на Денот на македонската револуционерна борба 23 октомври пред присутните зборуваше Бранислав Светозаревиќ, доктор по историски науки.
-И после 126 години од формирањето на ВМРО не бледнее сеќавањето, не бледнее светлината која ја проблесна Македонија во моменти кога навистина беше речиси очајна состојбата на македонскиот народ. Шест интелектуалци покренаа, го повикаа народот на востанието и ние да се приклучиме на оние народи кои имаат своја држава. Никогаш да не заборавиме дека во светот постојат 2000 народи но само 200 држави. Само тој момент треба секогаш треба да ни одѕвонува во главите што значи еден народ да има свој дом. Горди сме на сето тоа, горди на тие достигнување кои ги направија и Илинденците и партизаните, и се надевам дека и понатаму ќе ги следиме нивните стапки. За жал денеска некои не присуствува на оваа прослава. Како што се партијат СДС, не знам зошто но навистина е тажно да не ги прославуваме овие најсветли мигови од нашата историја и од нашата иднина, истакна во изјава за медиумите Светозаревиќ.
Букети цвеќе пред Споменикот положија делегации на Армијата на Република Македонија, Сојуз на воени инвалиди, здружение Македонски херои 2001, Демократска партија на Србите и Српската заедница во Македонија, општински комитет на ВМРО Народна партија од Тетово, општински комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово и извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ. Одбележувањето го органираше општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово.
На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација.
Денот на македонската револуционерна борба 23 октомври се празнува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници. По тој повод денешниот ден е прогласен за неработен.