Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на Ковид-19 од кои 10 се во тетовско.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти од кои двајца во тетовско.
Сега бројот на активни е 134, додека дијагностицирани се вкупно 1335.
Починати се 7 лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16274, бројката на оздравени пациенти е 13635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1964.