32 годишна тетовчанка во полиција пријавила дека нејзиниот син бил каснат од куче во училишен двор. Кучето било водено од непознато женско лице.
-Вчера (21 ноември) во 18 часот и 50 минути во СВР Тетово, С.Ш.(32) од Тетово пријавила дека околу 13 часот во училишен двор во Тетово, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче на десната нога, кое во дворот дошло со непознато женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира денес СВР Тетово.