Националната установа библиотека „Кочо Рацин” – Тетово денес ги награди најредовните 30 читатели. По тој повод во Домот на култура „Иљо Антески Смок“ организирана беше скромна манифестација на која беа доделени наградите за триесетмината читатели.
-Наградуваме најредовни и најдобри читатели. Наградени се по двајца читатели во сите категории како вработени, невработени, пензионери, студенти и деца и на македонски и албански јазик. Тие добија симболични награди и благодарници. Новитет е годинава-бесплатна членарина за 2020 година. Се надеваме дека симболични признанија и подароци ќе ги мотивираат и понатаму да читаат и да земаат книги од библиотеката, изјави Њомза Имери Исмаили, директорка на библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово.
Тетовската библиотека брои 9000 членови.
А.С