Рекордна бројка од нови 27 болни од Ковид-19 се бележи во тетовско, со што вкупната бројка е 213 активно болни. Вкупно дијагностицирани се 1577 лица. Оздравени само тројца.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2464 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи низ Македонија.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти.
Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (83г.), Куманово (62г.), Кичево (80г.) и Радовиш (54г.).