75 годишник од тетовскиот регион е починат во болницата „8 септември“ во Скопје, инаку примен таму на 24 мај. Тој е 22 смртен случај од Ковид-19 во тетовско.
Од рекордните 101 нов заболени од Ковид-19 низ Македонија во Тетово се бележат 5 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти од кои од тетовско се осум луѓе.
Досега се направени вкупно 32161 тестирања на ковид -19, а вкупно заболени се 2492, бројката на оздравени пациенти е 1605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.