Викендов заврши третиот по ред ноќен турнир во мал фудбал во Ратае на кој победник е екипата „Стара Банка“ од Јегуновце. Оваа екипа во финалето ја совлада екипата на домаќинот Ратае со 2-1.
Во мечот за третото место Блаце го совлада Копанце со 2-1. Награди за најдобар играч, најдобар стрелец, најдобар голман и најфер играч. Учествуваа вкупно 29 екипи.