Министерството за здравство информираше дека жена на 46 години од тетовско е почината поради коронавирус меѓу петте лица кои го изгубија животот поради болеста. Двајца пациенти се од Скопје (49г и 50г), пациент од Куманово (63г) и еден пациент од Прилеп (82г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупно во тетовско сега поради коронавирус има починато 77 лица поради коронавирус.
Во Македонија во последните 24 часа се направени 2065 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти од кои и 4 во тетовско.