Женскиот фубалски клуб Љуботен од Тетово добива нов шеф на стручниот штаб и четири нови засилувања, објави денес на прес-конференција раководството на клубот.
-Екипата ќе ја раководи Сузана Синадиновска, како шеф на стручниот штаб. На клубот му пристапија Кристина Николоска од ЖФК Скопје и репрезентативка, Јулија Живиќ која досега настапувала во Кипар, Егзона Јашари и Дренуше Ајдини од ЖФК Истатов и двете репрезентативки во екипата до 19 години. Целта на оваа екипа ќе биде опстанок во Првата лига, истакна на прес конференцијата, Ивица Богдановски, нов претседател на ЖФК Љуботен.
Според новото раководство, долгорочните планови на клубот се новите засилувања и создавања на екипата која за цел во иднина ќе има освојување на првенството.
А.С