Од 29-та случаи во тетовскиот регион во општина Тетово евидентирани се 16 заболени со коронавирус. Во општина Теарце 5, во општина Брвеница 4, во општина Боговиње 2 (од кои еден починат) во општина Желино 1 и еден од Радовиш кој е во карантин на Попова Шапка. Оваа информација ја објави Кризниот штаб при општина Тетово.
-Во следните 2 седмици се очекува да се зголеми бројот на заразени лица и да ја достигне кулминацијата на оваа пандемија кај насКлиничката болница во Тетово го потврди ставот дека тие се целосно подготвени со опрема и здравствени средства за да им служат на граѓаните во случај на поголемо ширење на вирусот СОВИД19 во периодот кој следи , соопштија од Кризниот штаб при општина Тетово.
Според неофицијалнте информации споделени на фејсбук профилот на заменикот министерот за внатрешни работи, 4 од заболените се полицајци при СВР Тетово.
А.С