Во тетовскиот регион има 5 нови случаи на заболени од коронавирусот со што бројката на активно болни достигна 173 лица. Оздравени се две лица или вкупно 1124. Досега дијагностицирани биле 1381. Бројот на починати е 84 лица.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти.
Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131.
А.С