Екипата ,,Пекара Неда” го освои првото место на турнирот во мал фудбал ,,Сиричино 2019″ кој за прв пат се организираше оваа година. Во финалето ја совладаа екипата „Старо Буре“ со 3-0. Во дуелот за трето место „Деко Иги Тим“ го совлада „Нов Жеден“ со 5-1.
-За најдобар стрелец бепше прогласен Игор Стојковски од екипата „Старо буре“, а наградата за најдобар голман ја доби Бобан Јоновски од „Старо Буре“. Како најдобар играч е прогласен Душан Симовски од „Пекара Неда“, информираат од организацијата на турнирот.
Турнирот беше со богат награден фонд-50 илјади за екипата која го освои првото место, 25 илјади за второпласираната екипа и 10 илјади денари за третото место. Награда од 5 илјади денари има и за четвртото место.