За прв пат во осум години постоење на јавно претријатие за паркирање во Тетово денес започна обележување на специјални паркинг места за лицата со посебни потреби на повеќе локации во градот.
Работниците на јавното претријатие „Градски Паркинг“ од Тетово денес извршија соодветно обележување на тие места на улиците со бојадисување со темно сина боја и илустрација на човек во инвалидска количка. Луѓето со посебни потреби кои имаат и соодветни налепници на возилата ќе бидат ослободени од плаќање, а паркирањето ќе биде временски неограничено.
-ЈП Градски паркинг по осум години од постоење ја исполнува својата законска обврска-за инвалидни лица да обезбеди паркинг места кои се специјално обележани. Досега немаше обележано вакви места на улиците каде има зонско паркирање и тие немаа каде да се паркираат . Сега на овој начин ќе има паркинг места за овие граѓани, изјави Игор Додевски, директор на ЈП Градски паркинг.
Тој вели дека според законските обврски од 420 паркинг места во зоните А и Б така обврзани се направат 2 % за луѓето со посебни потреби но направени се нешто повеќе.
-Тие два проценти предвидуваат осум паркинг места но за да излеземе во пресрет на лицата со посебни потреби се означени неколку места повеќе односно 13 места за да може да паркират возила со ознаки дека патува лице со посебни потреби. Местата се определени во договор со повеќето здруженија кои ги имаат лицата со посебни потреби. Апелирам останатите граѓани да не паркираат на овие места кои се видливи со сина боја. Пајак служба ќе го следи ова правило и ако некој возач го има прекршено, возилото ќе биде подигнато, изјави Додевски.
Вакви места има кај пазарот, општината, поштата, судот, подрачни единици на Министерствата и болницата.
ас