СВР Тетово информира дека полицајци од сообраќајната полиција во кординација со инспекциските служби на тетовската локална самоуправа, започнале со интензивни активности за санкционирање на незаконските узурпации на јавните сообраќајни површини во градот за угостителски, трговски и други цели. Овие активности се преземени во близина на зелениот пазар.
-Вчера (15 октомври) во содејство со комуналната инспекција на улиците „120“ и „Борис Кидрич“ во Тетово биле изречени 12 мерки за изложување на земјоделски и други производи, најмногу на тротоари, но и на коловозни ленти.На прекршителите-узурпатори ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци согласно член 12 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Глобата за физички лица, според овој Закон, изнесува 100, а за правни лица 2000 евра во денарска противвредност. Вакви активности со несмалена динамика ќе продолжат и наредните денови, со цел јавните сообраќaјни површини непречено и безбедно да се користат според намената, од пешаците и другите учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Вчера, исто така, во Тетово биле подигнати и 16 непрописно паркирани возила во централното тетовско подрачје.
А.С