Мештаните кои потекнуваат од планинското село Брезно формираа иницијатива за обнова на Брезјанско езеро, односно повторно да се наполни со вода. Иницијативниот одбор ги повикува оние кои потекнуваат од селото, а живеат во други градови и села во недела 6 октомври да учествуваат во акцијата за чистење на доводните канали.
-За да се наполни езерото со вода потребно е да се направи акција за чистење на трасата на доводните канали од Брезјанско езеро до месноста Соколец. Се повикуваат сите кои можат да дојдат и да се вклучат во акцијата, како и да земат алат за сечење и чистење. Потврдена е помош со механизација. Собирно место е езеро во недела од 10 часот, велат иницијаторите.
Брезно се наоѓа во рамки на општина Теарце од 950 до 1050 метри надморска височина. До таму се стигнува преку селото Лешок.