Остатоците од изгорената зграда на „Македонија табак“ се уште испуштаат чад, а пожарникарите и денес се таму и работат на целосно изгаснување и ликвидирање на пожарот. Чадот е причина и понатаму во Тетово да се чуствува непријатна миризба, која ги тера граѓаните на кашлање и гадење.
Неколкумина владини министри кои беа да ја видат состојбата уверуваат дека се мери постојано дали воздухот е загаден, иако во неколку наврати не е достапна страницата за квалитет на воздухот.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи и градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами беа во посета на локација на поранешната зграда на „Македонија Табак“
-Сега за сега битно е дека се е над контрола. Но уште очекуваме извештаи да знаеме што гори, од тие податоци што ги имаме од мерна станица во Тетово укажува дека се зголемуваат тие загадувања, но за среќа голема ние сме во контакт со градоначалникот на Тетово, и ги кооординираме сите мерки. Битно е немаме големо загадување во Тетово, ние споделуваме секој саат податоци на фејсбук страна и се координираме со општината и други институции, изјави Насер Нуредини.
-Тука сме денес дојдовме во посета да видиме колкава е штетата за жал материјалната штета навистина е голема за среќа нема човечки жртви тоа е најважно, секоја материјална штета ќе се надокнади заеднички како што заеднички си помагаме кога треба компаниите да прават инвестиција компаниите особено една компанија како Пофикс која важи за доста голема компанија во државата, ќе треба заеднички да изнајдеме начин како да се помогне во надомест на материјалната штета заеднички, затоа што сметам дека вака треба да се грижи државата, изјави Фатмир Битиќи.
Градоначалникот Касами информираше дека учениците може да одат на училиште со оглед на нормалните вредности кои ги покажува станицата за мерење на квалитетот на амбинетниот воздух
-И јас сум родител, ми се јавија од дома и ме прашаа дали да го пуштат детето на школо, дозволете ми да им препорачувам на сите родители дека децата треба денес да одат на школо, тоа и го кажав на мојата сопруга од сабајле, параметрите еве кажа и министерот дека се во рамките на нормала, имаше многу губење на наставата, не треба, тоа да продолжи така, така да јас ги замолувам сите родители сите наставници да од денеска продолжи во нормала наставниот процес, изјави Касами.
Од компанијата „Пофикс“ информираа дека штетата предизвикана од пожарот во нивните складиште првично изнесува над 12 милиони евра.Според нив причината се обилните дождови пред два кои предизвикаа поплави во одредени делови на градот.
За да почне увидот од страна на полицијата и обвинителството најверојатно ќе треба да поминат неколку дена ситуацијата со пожарот.
Докторот Ратко Давидовски од Центар за јавно здравје Тетово препорача внимателност и да не се останува надвор без потреба.
-Параметрите што се достапни се мирни, меѓутоа, фактичката состојба што ни покажува, ни покажува еден непријатен мирис, надразнувачки, кој предизвикува кашлање, иритација на очите, и самиот тој мирс е загрозување на јавното здравје. Вчерашните наши препораки беа да не се борави на отворен простор и ако се борви најмалки со Н95 маска да се борави, исто така, препораките беа малите деца, хроничните болни и постарите луѓе без потреба да не излегуваат на отворен простор, изјави Давидовски.
Според него има и објаснување за појавата на таков мирис поради што може да има загрозување на јавното здравје.
-За непријатна миризба во воздухот, моја претпоставка зборувам во мое лично име, ова ме потсетува на емисии од топилиница, моја претпоставка е дека таму има никел на кровната конструкција, гореше никел, пластика, не зборуваме за стиропорот туку за кровната конструкција, мирисот ме потсетува на мирис на заварување, а при заварувањето настанува баш оној карактеристичен мирис поради никелот. Најверојатно настанало хемиска реакција меѓу никелот и јаглерод моноксидот потоа се создаваат оксиди кои даваат ваков карактеристичен мирис. Напоменувам дека тоа е моја претпоставка, изјави Давидовски.
Според него во случај да има барем малку ветер во Тетово непријатната миризба ќе исчезне.