СВР Тетово информира дека во вчерашните (8 март) планирани редовни контролни активности во Тетово, пак, покрај другото, санкционирани биле 9 возачи без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, 8 возачи-почетници кои не се придржувале на законски предвидените ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот и 12 непрописно, односно погрешно паркирани возила, кои биле и подигнати од „пајак-службата“, зашто го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, најмногу во централното градско подрачје
Вчера (8/9 март) од 18 до 02 часот по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возачите, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани 4 алкохолизирани возачи (ТЕ-3 и ГВ-1), кои веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се соодветни поднсоци и одземени им се возачките дозволи. Во контролата, исто така, санкционирани се и 42 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-23 и ГВ-19).