Во шестте општини на тетовското подрачје на предвремените парламентани избори гласале вкупо 78.939 гласачи, евидентирано е на интернет страницата на Државната изборна комисија по објавување на неофицијалните првични резултати.
Најмногу гласачи има во најголемата општина Тетово каде правото на глас го искористиле 40.259 граѓани или 45,64 % од вкупниот број на 84. 541 гласач. Неискористени останале 44.282 гласачи. Неважечки има 1.093 листиња.
Од партиите во општина Тетово најмногу има добиено ДУИ 11.909 или 30, 36% од сите гласови. Следи коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива со 8.412 гласови (21,44%), Коалицијата Можеме со 7.417 гласови (18,91%), ВМРО ДПМНЕ и коалиција Обнова за Македонија со 5.483 гласа (13,98%), ДПА со 5.091 глас (12,98%) и Левица со 462 гласа (1, 18%). Останатите партии се со помалку од еден процент.
Во општина Боговиње од вкупно 10.229 гласачи, најмногу има добиено коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива 43,03 % или 4.337 гласови.
Во општина Брвеница од 6.539 најмногу гласале за ВМРО ДПМНЕ и коалиција Обнова за Македонија кои добиле 1955 гласови или 30,55 %.
Во Желино од 7985 дадени гласови најмногу има за ДУИ 2.726 или 34,8%.
Во Јегуновце победи ВМРО ДПМНЕ и коалиција Обнова за Македонија со 1.787 гласови или 38,84%.
Во општина Теарце вкупно гласале 9186 граѓани, а најголема доверба добила ДУИ со 2.811 гласови или 31,33 отсто.
А.С