Едно лице од Долно Палчиште, тетовско не го почитувало решението за самоизолација дома, утврдила тетовската полиција при контролите на луѓето со вакви документи во изминатото деноноќие. Сега лицето ќе се соочи со кривична пријава за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија според членот 206 од Кривичен законик.
-Контроли им биле извршени на 263 лица со решенија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за изолација дома. При тоа утврдено е дека 1 лице од тетовско Долно Палчиште не го почитувало решението и ќе се соочи со законски предвидените санкции, информираат од СВР Тетово.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот за неносење заштитни маски на вкупно 84 лица добиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. За осум месеци СВР Тетово на тетовското подрачје бележи 5400 вакви поднесоци.
А.С