За нападот со нож и ранувањето на 16 годишен малолетник што се случи на 22 април годинава СВР Тетово информира дека е поднесена кривична пријава за 17 годишник од Порој.
-Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 17-годишник од тетовски Порој, поради тоа што на 22 април 2022 околу 21.00 часот во продажен објект на улица „Јане Сандански“ во Тетово пријавениот со остар предмет повредил друг 17- годишник од Тетово, информираше денес СВР Тетово.
По ранувањето малолетникот беше однесен во тетовската болница од каде поради сериозноста на повредите беше пратен на скопските клиники.