Месната заедница од тетовското село Вратница со реакција на дописот на инвеститорот за изградба на мала хидроцентрала. Од Вратница потенцираат дека населението освен од нивното село и од селата Орашје и Старо село се против изградба на објекти на реката и даваат поддршка.
-Целокупното население на Вратница, Орашје и Старо село дава поддршка и не сака да се градат мали хидроцентрали на Вратничка река. Поддршката е од сите жители на трите села без разлика на етничка, родова, професионална, партиска или било каква припадност или определба. Ние сме единствен пример во регионот каде заедно стоиме на определбата да не дозволи градење на хидроцентрали.
Нашите заложби веќе значат и жртва. Во понеделникот на барикада пред Вратничка река почина од срцев удар 64 годишниот Душко Златевски. Тој сите овие шест години јавно го истакнуваше ставот и и ја штитеше реката од градба. Сметаме дека почина од стрес поради состојбата во која се најде неговото село, велат од месната заедница на Вратница.
Сосема добро ја разбираме потребата на државата од производство на електрична енергија од обновливи извори, ама исто така знаеме дека мора да се стават на вага придобивките од реализација на овој проект, со штетите кои ќе произлезат од истиот. Вратничани се длабоко убедени, а тоа може во секое време да го докажат и со аргументи, дека во случајов штетата ќе биде далеку поголема од придобивката и дека ќе биде направен геноцид на природните убавини во поширокиот вратнички, орашки и староселски регион на подолг период и ќе биде ставен под знак прашалник опстанокот на овие населени места
Ни претстои средба во Владата со сите засегнати страни, каде ние ќе го продолжите да го застапуваме ставот дека нема да се дозволи во иднина да се градат хидроцентрали на Вратничка река, истакнуваат од месната заедница.