Министерот за култура Хусни Исмаили денес беше дел од карванот „МојДДВ“ поставен во еден од маркетите во Тетово. Тој пазареше во маркетот по што ја скенираше фискалната сметка со помош на апликацијата за мобилен телефон.
-Добиваат сите граѓани, а се полни и буџетот на државата. Апликација или проектот е мошне лесно изводлив, се прави после наплаќањето. Се зема фискалната сметка, се зема бар код што е на фискалната сметка со посебната апликација што е на телефонот и со тоа веќе граѓаните може да си повратат средствата и да си го зголемат својот домашен буџет. Од друга страна пак со овој проект се намалува сивата економија и се полни државниот буџет, знаеме дека од државниот буџет се финансираат разни проекти што се од културно значење но и пошироко. Затоа апелираме сите граѓани да пристапат кон овој проект да го користат секојдневно, бидејќи знаеме дека секојдневно знаеме дека се троши, купуваме, за да добијат сите граѓани и државниот буџет и сите проекти што произлегуваат од тој буџет, посочи Исмаили.