Утринава околу 9 часот во тетовската полиција е пријавено дека е нападнат лекар од Кожното одделение при Клиничката болница во Тетово. ОД СВР Тетово информираат дека напаѓачот подоцна е приведен.
-Пријавено е дека на Кожното одделение во тетовската клиничка болница физички бил нападнат лекарот А.Е.(45) од Тетово.Го нападнал пациентот А.Б.( 43 ) од Голема Речица, кој набрзо е приведен и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.
За настанот информираат и од Здружението на лекари Албанци во Македонија каде членувал и нападнатиот лекар.
-Пациентот од нападнатиот лекар барал да добие изјава со потпис дека другиот лекарот не бил на работа каде што требало да биде примен на термин. Другиот лекар бил на состанок кај директорот. Пациентот револтиран што бил одбиен го удрил и заминал. Во меѓувреме дошла полиција и за некои петнаесетина минути пак се вратил пациентот и во присуство на полицајци го дотепал докторот кој добил сериозни повреди. Значи ни крив ни должен бил нападнат, изјави Невзат Елези, претседател на здружението.
По вториот напад докторот паднал во безсознание. Веднаш бил префлен во клиничкиот центар во Скопје, каде по укажаната лекарска помош се освестил. Првично се работи за повреди во главата.