Почина Магдалена Наумовска, новинарка која својот работен век го помина како новинар, главен одговорен уредник и директор во Радио Тетово и Центар за информирање и издавачка дејност Полог од Тетово од каде се издаваше и весникот Полог. Таа е родена 1949 година, а почина на 6 март 2022 година.
Магдалена Наумовска била и општествено политички работник и носител на функцијата претседател на општинска конференција на младина во Тетово при Сојуз на социјалистичка младина. Била и претседател на здружение на локални радио станица на Македонија. Во повеќедеценискиот работен век е наградувана за својата новинарска работа.