Учениците од основнотo училиште „Братство Миѓени“ во Тетово во објектот на улицата Борис Кидрич блиску до зелениот пазар и годинава се соочуваат со потешкотијата да пристигнат до училишната зграда. Проблемот е во паркирањето на возилата на тротоарите поради што се приморани да се движат по коловозната лента на улицата.
-Тротоарот што е на страната на училиштето има метални столбови, но има и перална за возила кои насекаде ги паркираат автомобилите кои ги бришат по перењето. Од другата страна на улицата има тротоар кој нема метални столбови па секој кој стигне се паркира, а дури и има трактори од кои се продава зеленчук и овошје. Ученциите мораат да се движат буквално на улица за да стигнат до школскиот објект. Местото е фрекфретно поради пазарот и мора надлежните да најдат решение, бидејќи вака е со години, а среќа е што нема последници, вели Мирче Блажевски од месната заедниц Борис Кидрич.
Иако во 2016 година жителите на месната заедница заедно со родителите од учениците на протестираа и го блокираа сообраќајот, ситуацијата не се промени. Од општина Тетово и денес нема одговор на прашањето дали и како ќе се надмине состојбата и подобри безбедноста на учениците.
Од тетовската полиција за состојбата одговорија дека ќе се обидат со засилени сообраќајно-контролни активности да влијаат да се зголеми безбедноста во непосреда близина на училиштата.
-Тротоарите пред училиштата, потоа крстосниците и зелените површини кои водат кон училиштата ќе бидат приоритет посебно сега кога е зголемена фрекфренцијата поради почетокот на учебната година. Во насока на овие активности вчера 2 септември откриени се 20 непрописно паркирани возила, кои веднаш се подигнати, додека на нивните сопственици изготвени им се соодветни поднесоци, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Општина Тетово за продавачите на сезонски зеленчук и овошја иако има одредено локација со години наназад нема успех во намерата да тие да бидат однесени на тоа место и да вршат трговија.