Во последните 24 часа во тетовскиот регион нема нови заболени од Ковид-19, а оздравени се се 11 лица.
Во Македонија се направени 1297 тестирања, а регистрирани се 131 нови случаи.
Починати се 6 лица, еден пациент од Охрид (56г), двајца пациенти од Скопје (63г и 80г), двајца од Прилеп (78г и 54г) и еден пациент од Штип (82г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравен пациент.