Во тетовскиот регион се бележат нови 2 случаи на луѓе со коронавирус, со што вкупно има 57 лица заболени со КОВИД-19, информира денес Министерството за здравство.
Низ Македонија има 18 нови случаи, а вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1225.
Регистриран е 21 излекуван пациент – 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови. Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200 пациенти.
Починати се тројца пациенти позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина, информираат од Министерството за здравство.