Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово на, вчера ( 14 август ) околу 22 часот и 30 минути во близина на угостителски објект во тетовското село Жеровјане, запреле патничко моторно возило „Ауди А6“ со гостиварски регистарски таблици, што го управувал 36-годишниот гостиварец Ш.Б, а во кое како совозач се наоѓал и 42-годишниот М.Ј, исто така, од Гостивар.
При нивен и преглед на возилото, пронајден е кокаин. Двајцата се приведени во Полициската станица Тетово, а по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Вчеравечер ( 14 август ) околу 21 часот, на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот Љ.С. од тетовски Порој, кај кого при преглед е пронајдена марихуана.