Нови 16 заболени од Ковид-19 во тетовско, како и 29 оздравени лица, регистрира Министерство за здравство. Сега има 146 активно болни, а 1442 вкупно дијагностицирани. Починати има 89 лица.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени. Во болнички услови се починати 2 пациенти од Прилеп (80г) и Велес (54г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17977, бројката на оздравени пациенти е 14959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2279.