Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на Ковид-19 од кои во тетовскиот регион се 14 нови случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти од кои 17 во тетовско. Досега во тетовско дијагностицирани се 1042 лица, додека активно болни се 226.
Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје (66, 67, 34, 67 и 86 години) и пациент од Кочани (76 г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.
Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10754, бројката на оздравени пациенти е 6554, на починати е 486, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3714.