Во тетовската полиција вчера жител на тетовско Прељубиште пријавил кражба во црквата Свети Јован Богослов. Освен кражба на пари, пријавена е и штета при одземањето.
-Вчера 10 декември Л.Ј.(71) од тетовско Прељубиште во СВР Тетово пријавил тешка кражба во црквата во ова село, која била извршена во периодот помеѓу 9 и 10 декември. Според пријавеното, сторителот насилно влегол во црквата и одзел пари. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот, соопшти денес СВР Тетово.
Првичните сознанија на полицијата се дека се одземени околу 1000 денари, а поголема е штетата направена при насилно кршење на инвентарот.
-Често пати поголема е штетата отколку одземените износи на пари од црквите. Штетата се прави поради насилното кршење на врати или прозорци како и на каси, масии други предмети каде се чуваат парите собрани од доброволните прилози оставени во црквите од страна на верниците, потенцираат од СВР Тетово.
Полицијата претходна кражба во август ја бележи во „Свети Јован Крстител“, лоцирана во месноста „Петачко водиче“ на два километри од Беловиште.
А.С