На православните гробишта во Тетово и Брвеница беа одбележани пет години од загинувањето на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски, припадници на специјалните полициски единици кои загинаа во антитерористичката акција во Куманово на 9 мај 2015 година. Самојловски загина 32 години, а Кузмановски на 34.
-Изгубивме голема личност во нашето семејство, тоа ни остави големи рани, ни се случи нешто незамисливо. Го изгубивме непотребно. Загина на 9 мај само нелкоку недели пред да наполни 33 години, изјави Панче Самојловски, татко на Сашо.
Почит им оддадоа претставници на повеќе организациони единици на МВР како и од Синдикатот на полициските службеници.
-Немилиот настан во Куманово остави длабока трага, настан кој не е расчистен иако има пресуда, но остана нерасчистено под кои околности и како се случи. Жална е сликата што тука ја гледаме денес за сите загинати. Припадниците на МВР никогаш не жалеле и штеделе своите животи, а затоа на сите нас останува на совеста и одговорноста да се грижиме и за припадниците и за нивните семејства и за грагаѓаните. Нека им е вечна славата на оние кои загинаа, за да живееме денес слободни, истакна Славјанка Петровска, заменик министер во МВР.
Кирил Бунгуров од кабинетот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев истакна дека денес се потсетуваат на вечните херои и на настан кој беше еден од најголемите предизвици за македонската полиција и безбедносни системи.
-Настан после кој во делот на безбедноста веќе ништо нема да биде исто. Сите оперативни акции и планови се менуваат после кумановската насеелба Диво Насеље. Тука сме да одадеме почит на нашите херои кои на браникот на она што е одбрана на соптсвената чест и достоинство, на својата татковина го дадоа најсветото нешто тоа е сопствениот живот во најунавите години во младоста. Луѓе кои можеа уште да придонесат за сопствениот народ и за сопствената фамилија, изјави Кирил Бунгуров.
Семејствата на загинатите организираа помен на гробовите на Самојловски и Кузмановски.
А.С