Денот на ослободувањето на Тетово во Втората светска војна 19 ноември во 1944 година денес беше одбележан о традиционалното положување цвеќе пред Споменикот на Револуцијата во градот. Почит кон загинатите и учесниците во Народонослободителната војна беше одддадена и со едно минутно молчење.
-Годинава одбележуваме 75 години од ослободувањето. Во Втората светска војна 546 животи се дадени од тетовчани, од градот и околијата за да бидат ослободени од тројната фашистичка окупација. Со ослободувањето на Тетово бил ослободен секој град а со тоа и цела Македонија, истакна во пригодниот говор Јоцко Димитриевски, претседател на општинската организација на Сојузот на борци од Тетово.
Цвеќе пред Споменикот положија делегации и претставници на Општина Тетово, Тетовскиот сојуз на борци, АРМ, СВР Тетово, Сојуз на борци од Гостивар, Сојуз на борци од Штрпце, СДСМ Тетово и ВМРО ДПМНЕ Тетово, НУ Музеј на тетовски крај, Резервни воени старешини, Сојуз на воени инвалиди Тетово, Здружение на пензионери Тетово, Српска заедница во Македонија,регионален одбор Тетово, Македонско-хрватско пријателство и ученици од ОУ „Андреа Савески Ќиќиш“.
Вчера во пресрет на празникот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ беше одржана пригодна свеченост со уметнички перформанс насловена „75 години Слободно Тетово“.