Соопштение до јавноста испрати општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово:
СДСМ понуди бледа, нејасна, нереална политика која што доведе со недомаќинско и нетранспарентно работење, мито, корупција. Луј Витон ташнички и чевлички, таква се политиката која ја нуди СДСМ.
Во овие 3 години Македонецот, малку се радуваше, а очекуваше многу, надевајќи се дека во Македонија подобро ќе се живее.
СДСМ понуди безперспективност и не не излажаа, таа е вистината. Тетовската јавност не познава многу даскали кои би се откажале од македонскиот јазик на срамен и подмолен начин, но затоа пак има даскали полни со елан да предаваат на мајчин јазик, срамејќи се да го изговорат зборот македонски. Една од кандидатите за пратеници од листата на СДСМ е даскал кој во 2019 година во македонскиот парламент гласаше ЗА уставните измени и промена на уставното име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Натаму не би сакале да коментираме, може слободно да донесувате заклучоци на што се подготвени овие луѓе.
Овој хибриден режим предводен од СДСМ и нивните сателити кои бувално ги распродаваат националните интереси мора да падне за потоа да биде вратена честа, достоинството и гордоста на граѓаните на Република Македонија.
Вакво зло никогаш да не се повтори во Македонија, вакви лица и ваква политика очекуваме да биде казнета од народот на 15 Јули.
ВМРО-ДПМНЕ Општински Комитет Тетово ве повикува масовно да излезете и да го дадете гласот за број 14, за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за Дафина Стојаноска носител на листата во 6 Изборна единица, се вели во сооштението.