Реконструиран тротоарот на улицата “Борис Кидрич”, покрај Поштата во Тетово, со површина од 480 м². Притоа е поставена нова урбана опрема, како клупи и корпи за отпадоци, а од неодамна тука има и улично осветлување, информираат од општина Тетово.
Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, била во посета на местото.
-Тука сме на тротоарот спроти новата зграда на театарот кој се гради во Тетово. Овој дел, како што сите граѓани знаат, имаше потреба од интервенција. Се интервенираше комплетно во должината на тротоарот, подземните работи, а исто така е поставено и јавно осветлување за зголемување на сигурноста на граѓаните кои се движат во ова централно гратско подрачје. Ние и понатаму ќе продолжиме со вакви слични проекти кои го олеснуваат не само движење, туку ја зголемуваат и сигурноста на движење на граѓаните на тротоарите и во градот Тетово, рече градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи.
Инвестицијата за средување на овој дел на улицата “Борис Кидрич” е 1,1 милион денари, додека за јавното осветлување се потрошени 300 000 денари.