Осум нови заболени од Ковид-19 се бележат од страна на Центарот за јавно здравје на подрачјето на шестте тетовски општини.
-Четири од осумте случаи се на жители на Општина Тетово. Два позитивни случаи има во местата на Општина Јегуновце, а по еден имаат во општините Теарце и Брвеница, информираше д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.
Секторот за внатрешни работи Тетово на тетовското подрачје за неносење заштитни маски прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба има изречено на 31 лице.
-Во текот на изминатото деноноќие, на 12 лицa изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, соопшти СВР Тетово.
Извршени им биле контроли 316 лицa со вакви решенија и при тоа не било утврдено непочитување на решенијата.
А.С