Неколку бездомни кучиња се отруени во паркот во Ајдучко маало, објавија тетовци на социјалните мрежи. На една од видео снимките се забележуваат пцовисаните кучиња, а едно од нив и како се бори со отровот во последните мигови од животот. Неколкумина безуспешно се обидуваат да му помогнат. Во текот на денот пцовисаните трупови беа се уште таму. Паркот во ајдучко маало е место каде претежно престојуваат деца поради лизгалки, нишалки и слична опрема.
-Ова е трето труење во Ајдучко маало. Кучињата се опасност за децата може да се затрујат. Со вакви „настани“ далеку е Европска унија. Кучињата беа постојано таму, мирни беа, напишаа тетовци на Фејсбук.
Случајот во Јавното комунално претпријатие Тетово беше пријавен од нашата редакција. Од таму одговорија дека ќе ги отстранат пцовисаните кучиња.
А.С