Волонтерите на општинската организација на Црвениот крст Тетово денеска поделија пакети со хуманитарна помош наменети за луѓе жртви на семејно насилство и самохрани родители. Од организацијата најавуваат почнување и на редовните крводарителски акции во институции и установи.
-Акцијата е со донација на канцеларијата на УН Вомен (UN Women) организација при Обединетите нации за родовата еднаквост и зајакнувањето на жените и општинскиот центар за социјална работа при Министерството за труд и социјална работа. Поделени се 46 пакети со храна и хигиенски производи, изјави секретарот во општинската организација Шкљќим Мурати.
За прв пат по прогласуавњето епидемија на коронавирусот продолжуваат и крводарителните акции кои општинска организација на Црвен крст Тетово ги прави заедно со стручните тимови од Центар за трансфузиона медицина Тетово.
-Се организира крводарителска акција, со жители на село Брвеница во просториите на Општина Брвеница на ден 17.05.2020 година недела, со почеток од 10:00 до 15:00 часот. Акцијата се одржува со оглед дека се отстранети мерките за забрана за движење на лица и по претходно дезинфектирање на просториите од страна на стручни лица каде ќе се организира акцијата, потенцираат од Црвениот крст.
Во Центарот за трансфузиона медицина Тетово сместен во Клиничка болница Тетово се евидентирани 57 лица доброволци кои донирале крв седумдневниот период од 4 до 11 мај.
А.С