Од општина Тетово информираат дека интензивната градежна активност која ја има после месноста Бањиче претставува продолжување на делницата се до селото Бродец. Станува збор за пат долг 1000 метри со ширина до 6,5 метри, потпорни sидови долги 40 метри, висина 5 м и ширина1 м. Се најавува поставување јавно осветлување и тротоарите за пешаците долж патот.
-Овој пат е продолжение на реконструкцијата на првиот дел од патот Бањиче и претставува капитална инвестиција во една од најатрактивните рекреативно-туристички места на општина Тетово.Општината предвиде и дополнителни проекти кои ќе влијаат на модернизација на инфраструктурата, како и на афирмацијата на овој рекреативен и атрактивен дел на Тетово, изјави градоначалничката Теута Арифи.
Патот од Тетово долж реката Пена до месноста Бањиче се користи од граѓаните за рекреација, пешачење и трчање. На неколку места постојта потпорни ѕидови кои се во опасност од паѓање поради ерозија на земја.
А.С