Седумдесет и четиригодишен жител на Тетово е повреден откако се обидел да го изгаси пожарот дома предизвикан по експлозија на решо на плин за кафе. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот бил целосно изгаснат.
-Вчера (29 април) во 9 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека при експлозија на плинско шише, избувнал пожар во куќата на 74-годишниот М.Х., на ул.„146“ во Тетово. М.Х., обидувајќи се самиот да го изгасне пожарот, се задобил со повреди на лицето и рацете, по што бил префрлен во Клиничка болница Тетово, инфомираат денес од СВР Тетово.
Увид во куќата извршила екипа од СВР Тетово.
А.С