Запален смет во близина на тетовската железничка станица придонесе за ширење на непријатна миризба и чад низ градот во вечерва околу 20 часот. Од тетовската противпожарна единица информираат дека е интервенирано на тоа место два пати во текот на денот.
-Станува збор за поголеми количини на смет кој некој го складирал во близина на железничката станица во Тетово. Во текот на денот два пати сме интервенирале на тоа место. За жал морам да констатирам дека овие пожари се поради намерно палење на оган со цел да се изгори дел од ѓубрето, истакна Ука Алити, командант на тетовската противпожарникарска единица.
Пожарникарите во текот на денот интервенирале и на два пожари на сува трева и трништа, а вечерва и на пожар во автомобил во движење на автопатот Гостивар-Тетово.
А.С